Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот И.К. од село Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „измама“ и „надрилекарство“.
Пријавениот изготвил три лажни исправи, фалсификат уверение за положени испити при Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, лиценца издадена од Лекарска Комора на РМ и Уверение од Лекарска комора и ги употребил за вработување на работно место лекар во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани. Делото го сторил во два наврати и кога за прв пат аплицирал за работа на јавен оглас од 05.09.2016 година, но не бил селектиран како кандидат за вработување и со аплицирањето од 04.10.2018 година, кога бил селектиран и вработен со Договор за вработување од 26.11.2018 година со одлука на Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани. Пријавениот, по основ на договорот за вработување во периодот од 26.11.2018 до 19.10.2022 година и претходно од 03.10.2016 до 26.11.2018 година, со склучени договори за дело, обавувал работни задачи на работно место – доктор на медицина, со што го нарушил угледот на болницата и ги оштетил буџетот на болницата и буџетот на РМ, а за себе прибавил материјална корист во износ од околу 3.507.208 денари, информираат од МВР.
Извор МВР