ДВАЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА ВО ЗНАКОТ НА ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА РАБОТА И УСВОЈУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА

Денес советниците ја одржаа 21 Седница, на која на дневен ред беа годишните програми за работа на општинската администрација, јавните претпријатија и служби и усвојување на буџетот за 2023 година.

Советниците со одредени забелешки и дискусии на опозиционерите, со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред. На денешната седница покрај програмите за работа за идната година, беа усвоени и 16 точки од урбанистичката сфера кои се однесуваат на легализацијата на бесправно изградените објекти.