Улка Каба Бектеши, сопруга на министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се вработила во владина институција, тврдат владини извори за expres.mk кои овој случај на непотизам го приложуваат како доказ за погрешното владеење на крилото на Груби и Османи во ДУИ и владата.
Вработувањето на Улка Каба Бектеши се случува на два дена пред Нова година со цел во предновогодишната атмосфера да се скрие скандалот во кој сопругата на министерот за економија добива државна плата затоа што не може да најде работа во реалната економија за која Бектеши вели дека цвета.
Пред околу две години и сестрата на Бектеши се вработи во државна фирма но тогаш министерот тврдеше дека тој не интервенирал.
Повеќе на :