Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати божиќна честитка до сите православни верници.
– Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рожденство Христово- Божиќ. Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање.
Нека верата во бога не исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање. Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа.
Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања. Христос се роди, Навистина се роди! Нека е за многу години големиот празник!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.