Електронска наплата на сметките и фактурите
– За олеснето плаќање на сметките и фактурите, Ј.П. Охридски Комуналец на корисниците на нашите услуги им ја нуди можност за електронска наплата преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија
Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните сметки и фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат
-Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk (на копчето „РЕГИСТРИРАЈ СЕ„) каде се внесува шифрата на корисник испечатена на сметката или фактурата
• За физички лица шифрата се состои од 7-цифрен број
• За правни лица шифрата се состои од почетна буква и 4-цифрен број
(се внесува со кирилична поддршка пр. Ф9876)
• Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени сметки и фактури е даден по објекти
– Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија