средини.
Мерката 322 „Обнова и развој на селата“ дава поддршка на општините при изработка на урбанистичка документација за руралните средини. Потоа инвестиции во изградба или реконструкција на плоштади, шеталишта, зелени јавни површини во рурални средини до 30.000 жители и инвестиции за изградба или реконструкција на селски улици.
Со мерката 323 „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“ ги поддржуваме општините во инвестиции за изградба на локална инфраструктура за поврзување на населените места од руралните подрачја со локалитети од посебно значење за жителите во должина од 2 километри. Даваме поддршка во зачувувањето на културните и природни знаменитости со цел поддршка на руралниот туризам и одбележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки.
Владата на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Платежната агенција и во соработка со општините, креираат сериозни и конкретни мерки со кои се подобрува животот во руралните средини, преку подобрување на благосостојбата на регионите, намалување на регионалните нерамномерности и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата.
Министерот Николовски им се заблагодари на општинските претставници за интересот да креираат локални проекти со наша поддршка, потенцирајќи дека денешниов настан е потврда за тоа како треба да соработуваат централната и локалната власт во интерес на граѓаните.