Почитувани медиуми,
во прилог следи нашето известување до јавноста: ДИРЕКТОРКАТА НА ОХРИДСКАТА ГИМНАЗИЈА ГИ УКИНА МАЛИТЕ ОДМОРИ
Неофицијално дознаваме дека во охридската гимназија, ,,Св. Климент Охридски”, се укинати малите одмори помеѓу часовите, освен големиот одмор, во времетраење од 20 минути и одморот по четврти час, од 10 минути, поради недисциплина на учениците.
Оваа одлука на директорката Светлана Велкоска, партиски назначена за директор од нејзината матична партија, ДПМНЕ, мајка на претседателот на УМС Охрид, Ангел Велкоски, е крајно непедагошки чин, со кој се намалува продуктивноста на учениците, а секако дека би имала последици и по нивното ментално и физичко здравје.
Доколку директорката се соочува со недисциплина од стана на некои ученици, постојат други механизми и педагошки мерки за санкционирање на нивното поведение, но никако со укинување на нивното право на одмор помеѓу часовите.
Апелираме до директорката да прочита некои учебници од автори, професори на педагошки факултет и да се консултира со наставниците по физичко образование за значењето на одморите помеѓу часовите, за учениците и да ја преиспита својата одлука.
Исто така, апелираме до Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, под итно да биде поништена одлуката на директорката на охридската гимназија во интерес на учениците и добро би било во иднина кога ќе назначува директори, посебно во училиштата, да ја има во предвид нивната способност и стручност за менаџирање со училиштата, а не партиската припадност.
Линк до нашата објава:
Со почит,
Црвена Младина Охрид