ЗАПОЧНА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ“

Со свечен час и пригодно обраќање на ректорот д-р Нинослав Марина, започна новата академска година на Универзитетот “Свети Апостол Павле“. На почетокот на новата академска година присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Оваа година на 4 факултети запишани се 192 студенти, од кои 72 се од странство.

Свеченоста беше одбележана со доделување на 45 дипломи на втората генерација дипломирани студенти, од кои десет дипломирани инженери се од странство. Најголем број – 19 се од Факултетот за компјутерски науки и инженерство, а другите дипломци се од Факултетите за комуникациски мрежи и безбедност,  за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика и Факултетот за информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски ја додели и првата диплома за завршени магистерски студии на охриѓанецот Љупчо Балески.