ОДРЖАНА ДВАЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА, ПРВА ВО ОВАА ГОДИНА

Денес Советот на Општина Охрид, ја одржа дваесет и втората седница, прва во оваа година. На дневен ред доминираа точки за работата на јавните претпријатија и одлуките за урбанистичко-планските документации за вклупување на бесправно изградените објекти на територијата на Општина Охрид. На седницата беше усвоена одлуката за донесување на  Детален урбанистички план во урбана зона 9, дел од урбан блок 9.1.

Дневниот ред беше дополнет со три точки, од кои две се однесуваа на измени и дополнувања на програмата за локалниот економски развој и на буџетот на локалната самоуправа, а третата точка беше констатирање на оставката на советникот Нефи Усеини.