Малопродажната цена од 09.02.2023 на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 76 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за два денари и ќе изнесува 75 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 82 и 84 денари за литар, односно 41,411 денари за килограм.