- 2023 година СОСУ „Св. Кирил и Методиј “ и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ја започна со крупни проекти.
Во економското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во тек се неколку проекти. Во училишната зграда во тек е целосна промена на електричната инсталација во вредност од околу 8.084.834 денари. Сите простории се санираа и реконструираа. Се глетуваа и варосуваа сите училници и канцеларии, а на првиот кат се преградуваа нови простории. За потребите по предметот физичко образование и култура, училиштето доби и две нови соблекувални. Реконструкција и санација на внатрешни простории изнесуваше 5.485.194 денари, а новата хидрантска мрежа е со вредност од 450.000 денари.
Во 2022 година во ова средно училиште се постави електрична инсталација за која се инвестираа 564.169 денари. Новата ИТ Опрема чинеше 550.000 денари, а новите смарт табли 500.000 денари.
За новите лектири се издвоија 185.500 денари, а за нови машини за чистење 500.000 денари.
За партерно уредување на дворот се вложија 2.808.400 денари, за топлотни пумпи 11.498.486 денари, а за термофасада 8.279.446 денари.
Во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во тек е реконструкција на оградата од училишниот двор кој партерно ќе се уредува, а ќе се гради и атлетска патека околу школската зграда. Во ова училиште претходно беа реконструирани тоалетите.