Наместо да ги намалат цените поради поевтината струја, пекарите најавуваат ново поскапување – немале доволно кадар

Наместо да ги намалат цените поради поевтината струја, пекарите најавуваат ново поскапување оти немале доволно кадар. Токму затоа бараат субвенции за работодавачите или работниците. Сметаат дека ќе дојде до блокада во работењето и зголемени цени на печивата, бидејќи има сериозен недостиг на месачи, пекари и бурекџии. Најголем дел од вработените биле пред пензија, а младите немале интерес да го работат тоа, објави Сител.

„Тоа е субвенционирање за вработување. Значи, им се помага на компаниите, но и на вработени лица да можат да влезат во работните процеси, затоа што во обуката, лицата коишто се обучуваат истовремено добиваат определени парични средства додека одат на обука, а после тоа веднаш се вработуваат. Им се дава можност на лицата да ја сакаат оваа професија“ – Наташа Јаневска, СКСМ.

Вработен во приватна пекара вели дека проблемот е сериозен, младите си одат за да работат во странство, а платите за пекар во Македонија и Германија биле скоро па исти.

Текстот во целост на: Сител.