Во Охрид отворена поликлиниката „Интермедика“ – „Ќе поставиме стандард за квалитетен преглед“

Поликлиниката „Интермедика“  од денеска во Охрид.  Како врвна и квалитетна здравствена
установа за главна цел има задоволување на потребите на пациентите и беспрекорна грижа за нив.

Со цел да ги задоволи барањата на граѓаните за квалитетна и достоинствена здравствена заштита ПЗУ „Интермедика“ располага со:

– Ординација по општа медицина,
– Ординација по медицина на трудот,
– Биохемиска лабораторија,
– Соба за интервенци,
– Домашна посета,
– Медицинско обезбедување и транспорт,
– Консултации со специјалисти од различни области …

На денешното отворање на поликлиниката пред присутните се обрати сопственикот Филип Симоноски:

https://m.facebook.com/ohrid1/videos/441280278159208/

Станува збор за дел од група поликлиники која започна со работа во 2012 год.  Услугата ја нудат во Скопје, Софија – Бугарија, а регистрирани се и во Милано – Италија. Опремена е според најсовремени стандарди чиј персонал е составен од високо квалификувани и професионални медицински лица.

„Ќе понудиме здравствена услуга за граѓаните во Охрид и околината кои не ја добиле до денес. Ако имате добро здравје имате се“, велат од Поликлиниката „Интермедика“ .

„Интермедика“  ги нудат скоро сите лабараториски анализи изработени со најнова и најсовремена опрема.

„Наш приоритет се навремени и точни резултати. Тука вашето здравје е во вистински раце“, велат од Поликлиниката „Интермедика“.

На денешното отворање на поликлиниката во Охрид присуствуваа видни доктори, директори од ЈП, директори од банки и фирми, партнери на  „Интермедика“  од Скопје.

Поликлиниката „Интермедика“ е нова приватна здравствена установа, лоцирана на ул.Јане Сандански бр.64, Охрид.

https://fb.watch/iUFFTgGSlo/