ОХРИД ПРОМОВИРАН НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од денес до 26-ти февруари.

Делегацијата на Општина Охрид која е дел од годинешното саемско претставување на српскиот пазар, ја предводи градоначалникот Кирил Пецаков.
Претставниците на Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираат туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставарат средби со туроператори од регионот.
На саемот за туризам во Белград, кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји.