ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИ ЗА ОСНОВЦИ, СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ

По претходно распишани конкурси, Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии наменети за основци, средношколци и студенти.

Се известуваат добитниците на стипендии дека од 06.03.2023 година (понеделник) до 10.03.2023 година (петок) во период од 12:00 до 15:00 часот треба да да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во прдружба на родител или старател.

Кандидатите кои не добиле стипендија, се известуваат дека може да поднесат приговор против одлуката на Градоначалникот во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување за извршениот избор.

Резултати на следниот линк :

https://ohrid.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%be/