Негрижата кон охриѓани од страна на Локалната самоуправа предводена од
ДПМНЕ уште еднаш се покажа на дело. Актуелниот директор на ЈП „Водовод“
Охрид, кој своето време и енергија наместо кон пронаоѓање начин за средување на
финансиската состојба на претпријатието и 50 % загубата на вода ги троши само за
да обезбеди согласности за нови работни места за уште некој од своите
сопартијци, без ниту грам морал и без трошка чувство на отчетност кон народот,
неспособноста за менаџирање на претпријатието се обиде да ја маскира со
барање за поскапување на цената на водата за пиење и тоа за „скромни“ 70%.
Оттука, прашуваме :
– Дали со барањето за поскапување на водата за пиење, кое свесно му се
натоварува на охриѓани, целта е да се прикрие Планот за вработување за 2023 година, во
кој директорот предвидел две нови вработувања ?
– Дали оправданоста на барањето на поскапување на водата ја гледаат во можност
парите да се трошат за вработување на нови лица ? Моментално во претпријатието има
околу 10 нови вработени со Договор на дело, дуплирани работни места и очигледно
партиски послушници на ДПМНЕ. Да потсетиме, за да се задоволат партиски апетит, во
месец октомври 2022 година Директорот испрати околу 20 постојано вработени лица во
претпријатието на 70 %, а прими нови. Истата ситуација се повторува и сега за месец
март 2023, каде Директорот со писмена согласност од Општината за итни и недложни
работи, планира сега да им го продолжи договорот на тие лица, што значи повторно
ситуација на дуплирани работни позиции, а донел или ќе донесе Одлука за повторно да
испрати постојано вработени лица на 70 %. А од друга страна, бара поскапување на
водата за пиење !
Во предизборната програма на ДПМНЕ за антисоцијални мерки, оваа е уште една во
низата на товар на граѓаните на Охрид. Неспособноста, партиската послушност и личните
лукративни цели не смеат да бидат причина за уште едно поскапување на услугите на
јавните претпријатија на товар на охриѓани.