Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава . Првиот ден е најважен, бидејќи мажите одат во џамија и се молат. Потоа тие одат да жртвуваат овен или овца кој се дава на сиромашни луѓе, по ова тие одат на гробишта да ги посетат починатите предци и блиски членови на семејството и да се молат во нивно име. Прославата се одвива во домот , луѓето исто така одат во посета во домот на други да им посакаат среќа, здравје, и слично. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба. Првиот ден на Курбан Бајрам, 24 септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Фото : Џамија ”Емин Махмут” – Воска

 

12048432_943171952412773_256642847_n dddd

IMG_20150924_072726

 

12047378_942976585765643_548422821_n