Започнавме со изградба на нова пешачка патека во стариот дел на градот. Патеката се протега од Плаошник до Канео и е во должина од 80 метри, а ќе биде поплочена со камен. Со реализацијата на оваа патека се збогатуваат пешачките патеки во стариот дел на градот.
Покрај оваа активност, на веќе постоечката патека од Канео до Лабино во тек се активности за поставување на нова заштитна ограда по должина на патеката.
Вредноста на проектот е 500 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.