Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери.Над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.Имено во период од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност.
Инфо : Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ