Коалицијата за клима во соработка со Здружението за мултикултурна интеграција Инклузија во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, како и регионалниот координатор за Југозападен плански регион, организираат работилница за граѓански организации од Југозападниот плански регион.
Работилницата ќе се одржи на 22-ри март со почеток во 12:00 часот во малата сала за состаноци на општина Охрид. На работилницата ќе се разгледуваат обврските кои што ги имаат здруженијата согласно законската регулатива во државата, како и правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, а се со цел да се зајакнат интерните капацитети на здруженија од регионот.
Организирањето на работилницата е дел од активностите предвидени во годишниот план за работа на Коалицијата за клима .
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ е предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.