ПРВОАПРИЛСКИ ХЕПЕНИНГ ПОД МАСКИ НА ОХРИДСКИОТ ПЛОШТАД

Во организација на Општина Охрид во сабота на 1-ви април 2023 година по повод Денот на шегата ќе биде организиран „Првоаприлски хепенинг под маски“ на плоштадот „Свети Климент Охридски“.

На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и ученици од сите основни училишта од територијата на Општина Охрид.

Програмата ќе започне во 11 часот.