- Почитувани медиуми,во прилог следи нашето известување до јавноста: БУБАЧКИ ВО ХРАНАТА НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ ВО ОХРИД
🦠 Три недели студентите наоѓаат бубачки во храната во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. Во известувањето кое пристигна до Црвена Младина – Охрид, а е напишано од дел од студентите, во прилог е испратена фотографија на која што јасно може секој да види дека храната која што е послужена во студентскиот дом е полна со инсекти. Сличен случај имало и претходно кога студентите пронашле црви во лебот. Ова е сериозен сигнал за микробиолошка опасност од патогени микроорганизми и извор на болести предизвикани од нечистата храна и во никој случај не смее да се консумира.
☢️ По пријава на студентите до директорот во домот, Жарко Куциноски, тој дрско им одговорил: „Вие ги внесувате инсектите преку облека!“ што укажува дека е во позиција на моќ каде што институциите не му можат ништо – дури и кога за поплаките постојат конкретни докази.
ℹ️ Студентите пријавиле и до Агенцијата за храна и ветеринарство и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, но од таму велат дека наводно пријавата не била прецизирана и не биле моќни да реагираат што е показател за нивната елементарна нефункционалност што укажува дека не се кабожни своите инспекциски служби ниту да ги извршат редовно со ненадејни контроли дури и по пријава на конкретен случај кога има видлива нечистотија. А за невидливата нечистотија составена од микро-организми и контаминацијата пренесена преку коса, нос, уста, уши, природни отвори, накит, прибор за пушење не може да очекуваме Агенцијата за храна да си ја извршува својата работа.
❗ Во секоја нормална држава одговорноста за безбедноста и квалитетот на храната ја презема менаџерскиот тим на фирмата и токму затоа, Црвена Младина – Охрид ги повикува АХВ и инспекторатот беспрекорно да ја проверат хигиената во целиот студентски дом. Оваа институција во јули и август кога нема студенти, конкурира на листата на сместувачки капацитети во туристичкиот центар Охрид за што туристите плaќат за престој.
‼️ Црвена Младина – Охрид го повикува директорот Куцунски да побара одговорност од кујната и оние што се задолжени да го применуваат системот за безбедност и сензорен квалитет на храната, во спротивно ќе бараме негова оставка!