Египќаните вечерва организираа традиционална Ивтарска вечера за народот, пријателите и поддржувачите во Охрид.
Пред присутните беа изведени повеќе верски нумери во изведба на хор, а на присутните им се обрати Орхан Демироски.
-И оваа година, во време на овој свет месец на Рамазан , сега веќе традиционално се собравме на овој заеднички Ифтар, сите заедно да споделиме добрина и молитви за здравје и мир меѓу луѓето во нашиот Охрид и во целиот свет.
Живееме во драматични времиња, кога целото човештво е ставено на искушение , а искушенијата и проблемите секогаш полесно се надминуваат ако луѓето се верници и веруваат во Севишниот , на чија милост и спасување сите ние, припадници на муслиманската вера, но и нашите пријатели од другите вери во човечка љубов и слога со нас, се молат и се надеваат, истакна Демироски и додаде:
-Но драматични и тешки времиња секогаш имало, и ако погледнеме во минатото имало и по лоши денови од овие, но секогаш тука била вербата во подобро утре и борбата која ја водиме денес.
Нашата заедница , Египќаните денес сме домаќини на нај високото политичко и административно водство на градот, тука се советниците од советот кои исто така се гости на овој Ифтар, тука се медиумите од градот, тука се бизнисмените.
А каде бевме до пред 10 години ? Токму затоа во уводот се осврнав на тешките времиња, кои како што почнале така и ќе завршат, а ние мораме секогаш да гледаме напред и да одиме кон подобро утре, кое ни е на дофат, кое сами го создаваме и сами одлучуваме за нас . Токму така и ќе продолжиме, со вера во срцата, човечки однос кон сите и не заприливо одење напред во сите полиња, од науката, до спортот, бизнисот и традицијата.
Посебна благодарност изразуваме до спонзорите и пред да завршам само да кажам дека вечерва иамме и хуманитарна активност, па сите кои сакате може да донирате онолку колку сакате во кутијата која е поставена кај влезот.
Нека ни е на помош Алах на сите, нека не чува во добро здравје и до година да се видиме повторно на Ифтар во светито месец Рамазан. Благодарам за можноста јас да Ви се обратам и да сте живи и здрави сите , истакна Демироски.