ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НОВИОТ БУГАРСКИ КОНЗУЛ ДИМИТРОВ

Протоколарна средба, денес, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со новиот Бугарски конзул Николај Димитров.

На средбата соговорниците разговараа на повeќе теми, меѓу кои беа остварување соработка во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО, поддршката на проекти од повеќе области и унапредување на соработката во областа на туризмот.

Заеднички беше констатирано дека добрата меѓусебна соработка треба да продолжи и да се надогради.