ОПШТИНА ОХРИД ЗЕДЕ УЧЕСТВО ВО ЗАВРШНИОТ НАСТАН НА АКЦИЈАТА „БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ“

Општина Охрид учествуваше во завршниот настан на акцијата „Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете“, во организација на авторката на книгата за Рисот, Весна Константинова. Завршниот настан се одржа во просториите на НП „Галичица“.  Општина Охрид во целокупниот настан кој започна во мај 2021 година учествуваше со обезбедување финасиски и материјални средства.

Завршниот настан беше во форма на едукативна и креативна работилница за децата од ОУ „Григор Прличец“ од Рача, а на децата им беа подарени книги.