На 03.05.2023 околу 13.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 36 годишен охриѓанец затоа што во угостителски објект во Охрид се однесувал агресивно и се заканувал на сопственикот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: СВР Охрид