Се информираат граѓаните на Општина Охрид дека во период од 12.05.2023 до 13.05.2023 година, на улица „Ѓорче Петров“ ќе започнат градежни активности за асфалтирање. Поради тоа на оваа улица ќе има отежнат сообраќај.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.