ОХРИД ДОМАЌИНА НА САЕМОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА

Денеска во Касарна  ХАБ во Охрид  беше отворен Саемот за Наука и култура што годинава  се организира за прв пат.

Пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиноски.

– Ми причинува особено задоволство што  сум меѓу Вас на отворањето  на Саемот  за образование и Кариера   што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува  во Охрид.

На саемот ќе учествуваат  средните  училишта од Охрид и две од Струга  кои ќе ги промовираат наставните програми и можности пред полуматурантите, а факултетите за Туризам и угостителство  и  “Св. Апостол и Павле“ како и дел од факултетите  на УКИМ ќе ги презентираат своите програми пред средношколците.  Со организирање на вакви саеми, убеден сум дека учениците имаат дополнителна мотивација, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат  чувството за  кариера.

 Драги ученици и  идни студенти

Денешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.

Овде  во Охрид и Македонија  вие ќе ја исцртате својата судбина и изградите својата иднина. Сите вие ќе се соочите со полесни или потешки предизвици. Но тоа не значи дека треба да се откажете од своите соништа. Напротив,  треба вредно да учите и да си обезбедите подобра иднина за себе во оваа земја.

  Секако Ви посакувам да ви се остварат соништата , да уживате во убавината  на младоста  и со упорна работа да станете врвни професионалци. Посакувам од овој настан да понесете убави впечатоци кои ќе ви помогнат во изборот на вашето идно  образование и образовна институција.

На Младинскиот центар од Охрид  му благодарам за одличната организација на настанот со желба  истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе  поддржуваме вакви случувања– рече Божиноски.

 

Организатор на настанот е Младинскиот центар од Охрид.