Завршни активности за реконструкција на улицата “Ѓорче Петров”. Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на коловозната лента. Претходно беше поставена нова атмосферска канализација во вредност од 5 милиони денари, а активности ги изведуваа екипи на ЈП “Нискоградба”. Потоа следуваше спуштање на телекомуникациите и електричните водови под земја. На крај доаѓа асфалтирањето и партерно уредување на тротоарските површини, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Вкупната вредност на реконструкцијата која се одвива во должина од 330 метри изнесува 12 милиони денари, а средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Со завршувањето на реконструкцијата жителите од овај дел на градот ќе добијат функционална и безбедна сообраќајница согласно сите стандарди.