ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на  Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ .

Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот.

Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис.

Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област

За да може да се изврши пријавување на локација сопственикот треба да ги исполнува следните услови:

  • Да има целосна сопственост на парцелата која се пријавува или договор за закуп на истата
  • Да поседува имотен лист
  • Горенаведените документи да ги приложи во копија и фотокопија од лична карта.
  • Доколку се работи за парцела на која нема изградено објект, истата не смее да биде помала од 1000 m
  • За изградени објекти со економска намена објектот треба да има подлога од минимум 500 m2
  • За локации со намена туризам може да се пријават и градби со минимум подлога од 200 mдоколку има површина за дополнителна изградба и дворно место.

Горенаведените услови се обврзителни за успешно пријавување на локација

Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса најдоцна до 30.06.2023 година.

Ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 Охрид

Со назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“.

Повеќе на следниот линк:

https://ohrid.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2/