Уште еден голем успех на учениците од нашето училиште. На меѓународниот натпревар од областа на електротехниката и мехатрониката „Балкан Јуниор 2023“ кој се одржа на 19.05.2023 година во Никшиќ, Црна Гора, нашиот тим составен од учениците Бојан Петроски од образовниот профил Техничар за производно машинство и Наум Алачоски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување под менторство на професорите Наташа Јанкоска Китани и Ангеле Буџакоски го освои првото место.
Првото место е освоено во конкуренција на средните училишта од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција и Романија.
На учениците и менторите им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме уште поголеми успеси и во иднина, информираат од ОЕМУЦ Св. „Наум Охридски“