Поради големиот интерес од страна на граѓаните, акцијата „Цветни балкони-Цветен Охрид“ што ја организира Општина Охрид, заврши денеска, а беше предвидено да трае два дена.
Во рамки на акцијата, во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ беа поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите од улиците „АСНОМ“, „Јане Сандански“, „Никола Карев“, „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „8-ми Септември“, „Мирче Ацев“ и „Лазо Трпоски“.
Проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, Општина Охрид го реализира традиционално, по повод 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.