СЕРТИФИКАТИ ЗА ОСНОВЦИТЕ КОИ ИЗУЧУВАА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ВО ДВЕ ОХРИДСКИ УЧИЛИШТА

Денес во општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ беа доделени дипломи на околу 100 ученици кои беа опфатени со проектот на Општина Охрид за факултативно  изучување на  италијански јазик.

Учениците од  петто и шесто одделение од овие училишта за првпат годинава изучуваа италијански јазик два пати во неделата.

Предавач по овој предмет беше професор Маја Мијаиловиќ, а на настанот меѓу другите присуствуваа и универзитетските професорки д-р Радица Никодиноска и професорките Бранка Гривческа како претставници на Здружението на наставници по италијански јазик.