Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, Благодарение на генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, изминатиов викенд на 03.06 -04.06 2023, учествуваше на еден од најјаките и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона , Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “Софија Опен 2023” , во соседна Бугарија. МТТФ учествуваше со 2 официјални лица и 6 натпреварувачи кои натпреваруваа во 2 дисциплини , форми (борба со замислен противник) и спаринг борби. Натпреварувачите беа од клубовите
Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга , Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид, Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид
На овај престижен натпревар учествуваа 475 натпреварувачи, од 12 земји ширум Европа, каде сите ги имаа донесено своите најдобри поединци за тестирање за наредното светско првенство кое ќе се одржи крајот на август месец во Астана , Казакхстан. Присуството на еден ваков врвен натпревар е неопишливо каде секој натпреварувач се бори за место во својата репрезентација и го дава својот максимум.Иако нашите натпреварувачи беа преморени од претходниот викенд учествувајќи на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2023” , во БиХ, сепак дадоа се од себе и повторно направија да се гордееме со нив, освојувајќи 7 медали, од кои 1 златен, 2 сребрени , 4 бронзени и пехар за најдобра јуниорка 16-17 години.
За Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга се натпреваруваше нивниот тренер Давид Крстески , освојувајќи два бронзени медали ,
-3 место во форми за црн појас I дан, јуниори 16-17 години -3 место во спаринг, јуниори 16-17 години -63 кг,
На овај натпревар Давид Крстески ја помина групата совладувајќи ги претставниците од Бугарија и Италија, додека во полуфинале беше совладан од претставникот на Грција, уморот го направи своето, а само една седмица во Зворник Давид го освои првото место.
За Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид се натпреваруваа двајца натпреварувачи Владимир Димитриевиќ и Теодора Митреска освојувајќи еден сребрен медал
Теодора Митреска која освои сребрен медал во спаринг јуниорки 14-15 -65 кг, додека Владимир Димитриевиќ беше оштетен од страна на судиите во првата борба, во регуларно време, а и во продолжението во корист на домашниот натпреварувач.
За Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид се натпреваруваа тројца натпреварувачи Елена Јанеска, Христијана Парулеска и Климент Богоески, освојувајќи 1 златен, 2 сребрени,1 бронзен и пехар за најдобар поединец
Климент Богоески имаше една победа, додека во вториот круг изгуби од претставникот од Грција.
Христијана Парулеска нашата Европска Кадетска Шампионка која влезе во поголема возрасна категорија , јуниорки 14-15 години -50 кг ,во својата категорија одлично се претстави,додека во во полуфиналето се сретна со актуелната Европска Шампионка во категоријата, Нели Павлова, каде имаа равноправна борба, но судиската пристрасност и го прекинаа патот до златото, но се надеваме дека ќе имаме прилика на “Охрид Опен 2023” за реванш. Истотака и во форми беше оштетена во полуфиналето од страна на судиите, Христијана Парулеска освои
-3 место во форми за црн појас I дан, јуниорки 14-15 години -3 место во спаринг, јуниорки 14-15 години -50 кг
Елена Јанеска минатогодишна Европска вицешампионка, која беше оштетена од страна на судиите во Зворник во последнта секунда во полуфинале, овај натпревар се натпреваруваше во две категории освојувајќи 3 медали и пехар
-1 место во спаринг, јуниорки 16-17 години -70 кг,
-2 место во спаринг, јуниорки 16-17 години +70 кг,
-3 место во форми за црн појас I дан, јуниорки 16-17 години
Пехар за најдобра јуниорка 16-17 години
Елена Јанеска е нашиот херој, која и покрај силната конкуренција не израдува со одлични резултати, додека во финалето во категоријата +70 кг во полуфинале се тепаше со актуелна Европска Шампионка,додека во финалето убедливо водеше цело време и при крајот на борбата беше победена од страна на судиите во корист на претставничката од Грција.
Да се има натпреварувачи кои и покрај сите напори, училишни обврски, уморни од патувања и натпревари, кога мислиш дека шансите за успех се сведени на минимум, знаејќи дека сте дојдени колку да се учествува, и чекаш што побрзо да си одите дома со празни раце, покрај сите неповолности , натпреварувачкиот дух во нив е посилен од се давајќи го максимумот од себе , повторно го направија невозможното да стане возможно, враќајќи се дома со еден куп одличја, повторно правејќи да се гордееме со нив, е тоа се врвни натпреварувачи , за вакви спортисти вреди, треба и мора да се бориме, да им овозможиме да се искачат на светскиот пиедестал, изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ, кој користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, а воедно најавува на 24 јуни 2023 во СРЦ Билјанини Извори, Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “Охрид Опен 2023”, во организација на Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид, за кој веќе се почнати подготовките а веќе се најавени учесници, од БиХ, Србија, Чешка, Албанија, Грција, Бугарија.