На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, во просториите на Општина Охрид се одржа состанок поврзан со новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид кај Подмоље. На состанокот присутни беа преставници на Хотам, угостителсткиот еснаф, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид.
Градоначалникот во своето излагање пред пристуните ги посочи реакции на граѓаните и воопшто на сите засегнати од оваа одлука. Дополнително истакна дека е добро едногласно да испратат барање, односно замолница до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните работи на оваа делница и тие да продолжат од септември или октомври, имајќи предвид дека не се работи за последните километри од автопатот, па така градежните активности може да се пренасочат на други точки.
Ваквиот став на градоначалникот наиде на одобрување кај присутните и сите учесници освен претставниците на СВР Охрид, го потпишаа барањето кое ќе биде испратено до Владата и Министерството.
Во Барањето стои: