Денеска, градоначланикот Кирил Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата.
Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи.
Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира пред меѓународните фондови. Амбасадорот изрази поддршка на напорите за изнаоѓање финансиски средства за реализација на проектите.
На средбата соговорниците разговараа и за актуелните политички случувања и за предизвиците на Република Македонија и Европската унија во целина.