СЕ ОДРЖА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ЕТНО ФЕСТИВАЛОТ ОХРИД 2023

Синоќа пред платото на НУ „Григор Прличев“ се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023. На овогодинешниот фестивал концертна промоција одржа Александар Јовевски за албумот „Од колено на колено“.

Заменик градоначалникот Перчо Божиноски, во име на градоначалникот го прогласи за отворен овогодинешниот фестивал.

– Ми причинува задоволство што вечерва ја имам можноста да ги поздравам присутните на второто издание на „Етно фестивалот Охрид 2023“. Етно фестивалот, која на еден волжебен начин прави спој на минатото и сегашноста, веќе полека прераснува во убава традиција, која не навраќа во низ времето презентирајќи ги вредностите, традициите и обичаите. Тука би сакал од името на градоначалникот Кирил Пецаков, да ги пренесам срдечните поздрави и честитки до сите инволвирани во оранизацијата на овој фестивал, и до главниот виновник за овој настан – здружението „Арт  пријатели“ од Охрид. Токму преку вакви луѓе – ентузијасти, изгубените вредности, во денешното модерно живеење добиваат повторна значајност.Дотолку задоволството е поголемо што оваа вечер ќе имаме можност да бидеме дел од промоцијата на албумот „Од колено на колено“ од нашиот виртуоз Александар Јовевски. И кое место би било по соодветно за ваква концертната промоција, ако не Охрид, град во кој низ минатото се испрепретувале цивилизациите, градот на писменоста, градот на светлината.Затоа вечерва нека заблеска овој настан и нека се всади во историјата како ѕвезда во небесен свод, рече во своето обраќање Божиноски.

Фестивалот е во организација на  здружението  „АРТ пријатели“ од Охрид, а се реализира со поддршка на Општина Охрид.