Врз основа на член 22 од Статутот на ЈП “Билјанини Извори” Управниот одбор на јавното претпријатие на состанокот одржан на ден 11. 05. 2023 година донесе Правилник за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид. Со Правилникот се пропишуваат условите кои треба да ги исполнат барателите на картичките за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, постапката, начинот на издавање и начинот на функционирање на системот за електронско евидентирање на движењето на моторните возила согласно режимот на сообраќај.
Условите кои треба да се се исполнат за да се добие картичка за движење се следни: да се биде жител на стариот дел од град Охрид ( се потврдува со копија од лична карта) и на негово име и адреса да има регистрирано моторно возило со важечка регистрација( се докажува со копија од сообраќајна дозвола).
Правни лица ќе можат да добијат картичка за движење на возилата кои се регистрирани на иста адреса на која адреса е и седиштето на правното лице, а кое е во стариот дел од град Охрид ( како доказ се приложува копија од сообраќајна дозвола и тековна состојба од Централен регистар).
Станоиздавачите кои во склоп на својата КП поседуваат простор за повеќе паркинг места ќе добијат онолку картички колку што имаат обезбедено паркинг места ( кои ќе се утврдат на лице место од страна на комисија која ќе биде формирана од страна на ЈП Билјанини Извори – Охрид).