Започнавме со партерно уредување на тротоарските површини на улицата „Димитар Влахов“. Старите бехатонски плочки ги заменуваме со камен шрилец и печатен бетон.
После завршување на градежните активности, улицата ќе добие автентичен охридски изглед. Предвидено е да се уредат тротоарските површини од потегот кај Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски просветители“ , односно површина од околу 1600 м2.
Вредноста на проектот изнесува околу 4 000 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.