ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека со одлука на Општина Охрид износот за добивање на картички за влез во стариот дел на Охрид ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид.
На граѓаните кои до сега извршиле уплата за добивање на картичка, износот целосно ќе им биде рефундиран. Се упатува молба до сите кои имаат извршено уплата, од утре 20.06.2023 година да дојдат во просториите на ЈП „Билјанини Извори“, спортска сала „Билјанини Извори”.