Функционерот на ДУИ, Бујар Османи, денеска ги повика институциите веднаш да зпаочнат истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој пред два дена се најде на „црната листа“ на САД.
– Институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за господинот Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации кои излегуваат од одлуката на Стејт Департментот, рече денеска Османи пред медиумите.
Тој претходно рече дека ова не е негов личен став , туку заклучок на ДУИ. Османи пред јавноста откри дека Мерко сам побарал неговото членство во партиските органи на „Интегративците“ да биде замрзнато, по што од владеачката партија тоа го прифатиле.
– Само на тој начин може да се бориме против корупцијата и против злоупотребата во партиските препукувања. Со ова даваме поддршка на САД да продолжи со своите антикорупциски активности, истакна денес Османи.
Фото: Архива
извор; фактор.мк