ЈП Охридски Комуналец: Работиме транспаретно, одговорно домаќински како никогаш досега, па оттука паушални се констатациите на СДСМ дека работата била ,,вон контрола“

Наѕира туристичката сезона!
Охрид тоне во нечистотија ‼️‼️‼️
Каде е ЈП ,,Охридски комуналец? прашуваа од ОО СДСМ Охрид.

https://m.facebook.com/messages/thread/768178619934755/?force_thread_view=0&entrypoint=profile_message_button&ref=embed_video&paipv=0&eav=AfZfnF76UhreK3HAij-PZiyj7EffcQCEiHyev-x7Rkcy8BQbGG4kHoF9n-JbqXA5w9Q

На прес конференцијата реагираат од ЈП ,,Охридски Комуналец”. Соопштението го пренесуваме во целост:

Основна дејност на ЈП ,,Охридски Комуналец” е собирање, транспортирање и депонирање комунален отпад, одржување на јавната чистота во градот и приградските населени места, создавање на парковските површини, како и партерно уредување на истите.

Ние работиме транспаретно, одговорно домаќински и тимски како никогаш досега, па оттука паушални се констатациите на политичката партија СДСМ дека работата била ,,вон контрола”.

Доколку подобро погледнете ќе видите оперативните служби се на терен и се во служба на градот. За ваша информација ЈП ги почитува правата на работниците и тоа право на плата, платена работа во празник, недела и работа ноќе, право на годишен одмор итн.

Оперативните служби веќе по 3-4 пати ја косат тревата и зеленилата на јавна површина во градот и приградските населби, но мора да знаете и дека не секоја зелена површина е јавна површина.

Најголем проблем во градот има со создавањето диви депонии, па оперативните служби минимум двапати неделно креваат кабаст и зелен отпад, а таков случај претходно не било.

Во изминатата година односно за 1 година кренати беа 6 500 м3 кабаст и зелен отпад додека за вкупно 4 години кога ЈП го водевте Вие кренати беа 2 600м3.

Имајќи го предвид проблемот со создавањето диви депонии во пресред на туристичката сезона направивме ВОНРЕДНА АКЦИЈА за подигнување кабаст отпад во Пештани и ако ги пратите активностите на ЈП ќе видевте дека кренати се 36 м3 кабаст и зелен отпад од Пештани, меѓутоа треба да знаете и дека по завршување на акцијата дополнително од несовесни граѓани беше изнесуван кабаст и зелен отпад.

Дополнителни активности Јавното Претпријатие имаше и по невремето што го зафати Охрид на 24.06.2023 година, со цела расположлива механизација и преку 60 луѓе на терен заедно со другите Јавни Претпријатија ги санираа последиците од невремето.

За сите активности на ЈП следете нѐ на социјалните медиуми, а со цел навремено информирање за активностите на ЈП.