работникот се вреднува повеќе, сега треба да работиме на подобрување на целиот екосистем со што услугите во јавниот сектор ќе се подобрат. За таа цел ние како ресорно министерство за Јавна администрација ќе работиме во понатамошното подобрување на овој екосистем. Целта на МИОА е да имаме јавна администрација која ќе биде дигитална, транспарентна и отчетна“, истакна Алиу.
Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, истакна дека денес завршува еден процес кој трае три години, за жал трае 15 години односно тогаш беше потпишан последниот Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор.
Повеќе на :