ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХУРТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија.

Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и стандардот на граѓаните. Исто така, во рамки на средбата се дискутираше и за даночната политика на локалните самоуправи во Македонија и Германија.

Градот Хурт е лоциран на околу 6 километри југозападно од центарот на градот Келн, на североисточната падина на природниот резерват Котенфорст-Вил. Градот се состои од тринаесет области и е распространет на релативно голема површина.