Во последните 24 часа во населбата Коњско од страна на екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид кои макотрпно работеа до раните утрински часови, беа санирани три поголеми дефекти на главната водоводна линија, по што за кратко време се очекува нормализирање на водоснабдувањето.
И покрај тешките услови за работа предизвикани од високите температури, дежурна екипа на ЈП ВОДОВОД Охрид е на терен и доколку има потреба ќе интервенира повторно.