Беснеат неколку пожари низ државата

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата дека од 14:00 до 18:20 часот, со 8 пожарникари и 3 ПП возила, како и екипа од ЈП „Национални шуми“ подружница за Град Скопје „Караџица“, гаснеле запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација на површина од 5 Xa на автопатот Велес – Скопје, кај Катланово (Општина Петровец).

Регионалниот ЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Струга во која се наведува дека во период од 04:21 до 06:44 часот интервенирале на пожар на дрвени бараки на ул.Боро Хаџиески во Струга

Во текот на изминатото деноноќие имала уште четири интервенции, поради запалена ниска вегетација и тоа на кај Катланово и кај Перова Колиба во Катланово (Општина Петровец); на ул.Призренска (Општина Бутел); и кај Визбегово (Општина Шуто Оризари). Вкупно опожарени се околу 17.000 м2. Исто така имала и уште три помали интервенции.

Во период од 08:00 до 08:28 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација во населба „Бончејца“ во близина на железничката пруга. Во период од 12:13 до 13:20 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева над „Ленишки Мост“ е опожарена површина околу 5 Ха.

ТППЕ Битола известува дека во период од 03:45 до 07:00 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возила интервенирале на запалено стрениште и напуштен објект во с. Бач.

Во текот на изминатото деноноќие имала уште една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека ТППЕ Свети Николе, од 17:44 до 19:00 часот, гаснеле запалено стрниште и ниска вегетација браната „Мавровица“. Интервенирале со 6 пожарникари и 2 ПП возила како и 2 вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница „Свети Николе“ со теренско возило со пумпа за гасење.

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека ТППЕ Пробиштип, од 19:10 до 19:30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с.Ратавица.

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово во која се наведува дека во период од 13:15 до 15:20 часот со 4 пожарникари и 1 ПП возило и Старо Нагоричане со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале запалено ниска вегетација и стрниште и еден помошен објект (плевна), во с. Јачинце е опожарена површина 6 Ха.

Во период од 18:50 до 20:40 часот, а потоа повторно период од 19:40 до 20:40 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале запалена ниска вегетација и грмушки кај Спомен костурница.