Оридски Комуналец започна со голем број на редовни и вонредни активности особено сега во екот на туристичката сезона и пред големиот празник Илинден.
Се одржуваше јавната хигиена и зеленило околу црквите Св.Илија и пристапните патеки во селата Велгошти, Косел и ЛескоецОдржување на парковската содржина кај спомен-обележјето на илинденците во градскиот паркТемелно миење на повеќе локации каде се поставени контејнериОдржување на хигиената на просторот од скејт-паркот пред и по одржување на настанот Free spirit dayДотур на вода со цистерната како асистенција во гасење на пожар во с.ВапилаПлевење , косење и чистење обрасната вегетација ул. Гоце Делчев, 7.ми Ноември с.Рача и шумската патека во Стар ГрадСредување на јавната површина по гаснење на запалено возило каде претходно интервенираше ППЕ-Охрид