Согласно Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура, Владата на Република Македонија донесе одлука за распределување средства на општините за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема.
За Општина Охрид се издвоени средства во висина од три милиони денари, кои треба да легнат на наменска сметка.
Општините во државата и во градот Скопје ќе добиваат средства како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема која ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија.