Во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“ реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, од денес уште две паркинг места се во функција за хуманоста.
Новите хуманитарни паркинзи се наоѓаат на ул. ,,Димитар Влахов”, во непосредна близина на Општина Охрид.
Проектот „Хуманитарни паркинзи“ започна да се реализира минатото лето на иницијатива како градоначалник на Охрид и е дел од заложбите на ЈП „Билјанини Извори“ за општествена одговорност и поддршка на здруженијата на граѓани.
Досега собрани се финансиски средства во висина од 128.000,00 денари и истите на крај од годината се доделуваат со одлука на УО на ЈП ,,Билјанини Извори” на тие кои им е најпотребна поддршката.
ЈП ,,Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите граѓани што ги користеа хуманитарните паркинзи со порака и апел да продолжат да ги користат црвените паркинг места и да даваат помош онаму каде што е најпотребна.
ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид најавува дека и во иднина ќе продолжат со отворање нови паркинг места кои ќе бидат во функција на хуманоста.