Во недела бесплатни анонимни тестирања и подигнување на свесноста за хепатитис во Охрид и Струга

На 30.07.2023 (недела) на градскиот плоштад во Охрид со почеток во 9.00 до 11.00 часот и на плоштадот во Струга во близина на Мостот на поезијата од 18 до 20 часот ќе бидат претставени најзначајните напредоци и активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.

 

На оваа кампања, ќе ги претставиме резултатите од најновите истражувања и напредокот во лекувањето на хепатитисот B и C, како и црнодробниот карцином.  Додатно, сме горди да ви најавиме дека го отвораме првиот црнодробен центар во нашата земја. Центарот е опремен сo најсовремена дијагностика и современа терапија, што ќе ни овозможи да ги зголемиме шансите за излекување и подобрување на квалитетот на живот на пациентите. Амбулантно возило од Урегентиот центар опремено со најсвремни тестови за тестирање на хепатитис Б, Ц и ХИВ како и најсовремен еластограф кој ќе се изведува бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб. “ – велат од Хепар Центар Битола.

Еден од најголемите предизвици во борбата против хепатитисот е превенцијата и раното откривање. Во рамки на кампањата ќе биде претставена мобилната единица на Хепар Центар, која ќе обезбедува тестирање за хепатитис Б и C, како и ХИВ и еластографија неинвазивна дијагностика базирана на ултразвук која се користи за мерење на (Лузни) оштетувања на црниот дроб или фиброза предизвикани од најразлични заболувања на црниот дроб во осум градови во нашата земја: Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Струмица и Штип.

Нашата борба против хепатитисот не се ограничува само на овој ден, туку трае цела година. Ние сме решени да продолжиме да ја подигнуваме свеста кај луѓето за заболувањата на црниот дроб и начините за превенција и лекување. Министерството за здравство, Хепар Центар Битола, клиниките и другите здравствени институции, работиме за подобрување на здравствената нега и услугите за сите граѓани.“ – посочуваат од Хепар центар Битола.